Вести, забава, спорт...

Пилешки ролни со горгонзола

Сочни месни ролни полнети со ароматично горгонзола сирење – вистинско уживање за вашите непца!

Состојки:

4 филети од пилешки гради (по 150 гр)
80 гр горгонзола сирење
сол
бибер
2 лажици масло
2 главици црвен кромид
1 лажица мед
200 мл пилешки бујон
100 мл сок од портокал

Начин на подготовка:

Исечкајте парчиња месо така што ќе добите вдлабнатинки, а во нив ставете по лист горгонзола, побиберете го месото и зацврстете го со чепкалки.

Во тава на загреано масло пропржете го месото од сите страни да порумени, па тргнете го на страна. На маснотијата од месото пропржете сечкан кромид, додајте мед и кога ќе се карамелизира, налијте со бујон и сок. Вратете го месото во тавата и поклопено динстајте околу 15 минути.

Послужете со прилог по желба.

Добар апетит!