Вести, забава, спорт...

Салата од ориз и колбас

Оваа салата има многу богат вкус, а можете да ја послужите и како лесен оброк.

Состојки:

150 гр ориз
сол
2 големи пиперки
1 мало јаболко
200 гр колбас
1 главица кромид
200 гр јогурт
1 лажичка лутеница
бибер

Начин на подготовка:

Згответе го оризот. Исчистете ги пиперките. Излупте го јаболкото, исчистете го од семки и исечкајте го. Пиперките и колбасите исечкајте ги на парчиња. Процедете го оризот, оставете го да се излади и измешајте го со подготвените состојки.

За прелив ситно исечкајте кромид, па измешајте со јогурт, лутеница,малку сол и бибер. Прелијте ја салатата и добро измешајте ги сите состојки.

Држете ја салатата околу 30 минути во фрижидер за состојките да ги впијат вкусовите од преливот. Сервирајте по желба со зачински билки, кромид или лута пиперка.

Добар апетит!