Вести, забава, спорт...

СЕ ПРИБЛИЖУВА: Голем астероид на 12 октомври ќе прелета покрај Земјата

Научниците соопштија дека покрај Земјата на 12 октомври ќе прелета голем астероид. Објектот е наречен 202TS4.

Стручњаците го забележале вселенското тело уште 2012 година. Тие ја пресметале неговата маса и пречник и откриле дека е поголем од метеорот кој паднал во Чељабинск.

Како што е соопштено на порталот „Спејс“, во случај да падне на Земјата, последиците ќе бидат катастрофални.

Сепак, научниците уверуваат дека шансите за судир на астероидот со Земјата практично се рамни на нула.