Вести, забава, спорт...

Шпагети на кинески начин

Подгответе вкусни шпагети по кинески рецепт…

Состојки:

200 гр тенки шпагети
200 гр шампињони
100 гр спанаќ
200 гр тиквици
100 мл соја сос
100 гр морков
200 гр праз
2 чешниња лук
1 лажица ѓумбир
1 лажица вегета
100 мл масло

Начин на подготовка:

Зеленчукот измијте го, исчистете го и исцедете го. Празот и тиквиците исечкајте ги синтно, а шампињоните на листови. Исечкајте ги лукот и морковот и бланширајте.

Згответе ги шпагетите во несолена вода, но не до крај. Исцедете ги и оставете ги на топло место.

На загреано масло во длабока тава кратко испечете го лукот и морковот и ставете ги на шпагетите.

Во истиот сад додајте малку масло, пропржете ги празот и тиквиците па ставете ги на шпагетите. Постапката повторете ја со спанаќот и шампињоните.

На крај додајте ѓумбир, соја сос и вегета, измешајте па вратете во садот.

Добар апетит!