Вести, забава, спорт...

Смокви во сланина

Неверојатно егзотична комбинација на сладок, солен и пикантен вкус…

Состојки:

8 свежи смокви
16 листови сланина
1 портокал
4 лажици маслиново масло
1 лажица путер
бибер

Начин на подготовка:

Преполовете ги смоквите, па секоја половина свиткајте ја со сланина и фиксирајте ја со чепкалка. Исечкајте парче кора од портокал. Филетирајте го портокалот.

Испржете ги смоквите во масло и извадете ги. Извадете го маслото од тава и додајте путер. Испржете ги филетите портокал на путер, заедно со кората. После 2 минути сервирајте на чинии, па од горе ставете ги смоквите во сланина.

Уживајте!