Вести, забава, спорт...

Мини турнеја на охридскиот театар со претставата „Аналфабет“

Во наредните неколку денови Народниот театар од Охрид со претставата „Аналфабет” гостува на неколку фестивали во неколку градови во Македонија.

Вечерва ансамблот на театарот гостува во Куманово на јубилејниот дваесетти интернационален фестивал „Денови на комедија”, кој е во организација на центарот за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.

Мини турнејата продолжува наредниот ден во Виница на деветтиот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас”, кој се одржува во центарот за култура „Тошо Арсов”. И овој фестивал е од меѓународен карактер.

В четврток претставата „Аналфабет” ќе се одигра и во Радовиш во центарот за култура „Ацо Караманов”.

Претставата „Аналфабет” е во режија на Ѓорѓи Ризески, а играат актерите Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска. Автор на комедијата е Бранислав Нушиќ.

(Макфакс)