Вести, забава, спорт...

„Акција Плус“ – Ресен со јавен повик до кандидатите за градоначалници и носители на листи на општина Ресен

Здружението за локален развој Акција Плус Ресен објави јавен повик до кандидатите за градоначалници и носители на листи на општина Ресен за потпишување меморандум за соработка со здружението.

– Со цел да се зголеми соработката помеѓу граѓанските организации и ЕЛС на општина Ресен се повикуваат кандидатите за градоначалници и носителите на советнички листи за општина Ресен да го разгледаат и да го потпишат меморандумот за соработка со Здружението за локален развој Акција Плус Ресен со кој ќе се обврзат во иднина да го зголемат степенот на соработка помеѓу ЕЛС на општина Ресен и граѓанските организации воопшто. Претходно, меморандумот за соработка можете да го добиете на разгледување на Вашата е- маил адреса доколку не контактирате на нашата е-маил адреса akcijaplusresen@gmail.com или на телефонскиот број 078-625-966, се вели во соопштението на Здружение за локален развој „Акција Плус“ – Ресен.