Вести, забава, спорт...

Го пијат сите, а не знаат колку е опасен – предизвикува седум видови рак

Алкохолот предизвикува најмалку седум видови карцином. Опасен е и по луѓето кои уживаат во мали или умерени количини, предупредуваат научниците.

Според едно истражување објавено во магазинот „Addiction“, постои поврзаност помеѓу алкохолот и карциномот која не може да се објасни со други фактори.

Научниците заклучиле дека постојат доволно уверливи докази за да се каже дека пиењето алкохол е директен причинител на болеста, тврди Џени Конор, една од авторките на истражувањето.

– Постојат силни докази дека алкохолот предизвикува рак на барем седум локации на телото, а можеби и на други, рекла Конор.

– Проценката дека алкохолот предизвикува рак на устата, грлото, хранопроводникот, црниот дроб, дебелото црево и градите, рекла Конор и додала дека сè повеќе има докази и дека алкохолот предизвикува рак на кожата, простатата и панкреасот.

До заклучокот дошла по проучувањето на десетгодишните податоци на Светскиот фонд за истражување на ракот, Меѓународната организација за истражување на ракот, како и на Светската здравствена организација (СЗО).

– Најголемиот ризик е поврзан со поголем внес на алкохол, но сериозен товар лежи и на оние кои пијат мали до умерени количини, предупредила Конор.