Вести, забава, спорт...

Нотарите заработиле милиони евра – погледнете ја нивната добивка која навистина ќе ве изненади

Според податоците на Централниот регистар, на сметките на нотарите во Македонија во последните 5 години (2012-2016) легнале речиси 90 милиони евра приходи, а добивката била повеќе од 40 милиони евра.

За овие пет години нотарката Анета Петровска-Алексова е прва на листата со нотари со најголеми приходи – 2,8 милиона евра приходи, 1,2 милион евра добивка.

На листата од десетте нотари со најголеми приходи за последните 5 години се и нотарите Ана Брашнарска (2 милиона евра приходи, 1,2 милион евра добивка), Анастасија Петреска (1,9 милион евра и добивка од 1,2 милион евра), Елена Пенџерковски, Зафир Хаџи Зафиров, Зорица Пулејкова. Во Македонија се регистрирани 170 нотари.