Вести, забава, спорт...

Владата утре ќе потпише договор со „Југохром“

Владата и раководството на фабриката за феролегури „Југохром“ утре, 10 октомври, ќе потпишат договор за изградба на филтри. Се очекува фабриката во Јегуновце да почне со работа во март или во април следната година.

Премиерот Зоран Заев на митингот во Јегуновце на 5 октомври го најави потпишувањето на договорот.

„На 10 октомври во Владата ќе се потпише договор со сопственикот и синдикатот на вработените за изградба на филтрите во ‘Југохром’, на задоволство на сите, на задоволство на вработените, на задоволство на еколошките друштва, на задоволство на газдата. Душата му ја извадиле од рекет на газдата, овие бандитите пред нас по 200, по 300 илјади евра“, изјави тогаш Заев.

Тој најави дека по потпишување на договорот, ќе започне поставувањето на филтрите, сите работници ќе се вратат на работа, а целта е во март или април „Југохром“ да стартува со целосен капацитет.

„Југохром“ во ноември минатата година целосно го запре производството, а околу 800 луѓе останаа без работа. Фабриката затвори затоа што не ја испочитува одлуката на Инспекторатот за животна средина за поставување на филтри.