Вести, забава, спорт...

Љубителите на „ПорнХаб“ мораат многу да внимаваат деновиве – забележани хакерски напади

Посетителите на сајтот за возрасни „PornHub“ можеби се инфицирани со „малвер“ откако хакери го инфилтрирале во ланецот огласи на страницата.

Неодамнешниот хакерски напад на „PornHub“ изложил милиони корисници во САД, Канада, Велика Британија и Австралија на вирус, соопшти компанијата за безбедност на интернет „Proofpoint“.

Нападот попознат како „малвертајсинг“ користи платформи за огласување за доставување лажни браусер апдејти за Фајрфокс, Хром и Еџ.

Хакерите креирале лажни реклами кои се појавувале како безбедносно известување на споменатите браусери говорејќи им на корисниците дека мораат да го ажурираат софтверот. Штом ќе го направеле тоа, станувале жртви на напад.

Од „PornHub“ брзо реагирале откако биле известени за нападот, па ги заштитиле останатите корисници од напади.