Вести, забава, спорт...

Севернокорејски хакери украле воени документи од Јужна Кореја

Хакери од Северна Кореја украле голема количина воени документи од Јужна Кореја, вклучително и план за атентат на севернокорејскиот лидер, Ким Ѓонг-ун, пренесе Би-би-си.
Јужнокорејскиот пратеник Ри Кеол-хее изјави дека информацијата е од министерот за одбрана. Компромитирачките документи вклучуваат планови за вонредни состојби изготвени од страна на САД и Јужна Кореја. Тие исто така содржат и извештаи од високи командири на сојузниците. Јужнокорејскиот министер за одбрана засега одбива да ги коментира обвинувањата.

До плановите за специјалните сили било пристапено заедно со информации за значајни електрани и воени објекти на југ, додава Би-Би-си.

Ри изјави дека речиси 235 гигабајти воени документи биле украдени од интегрираниот центар за одбрана и дека 80 отсто од нив сè уште не се идентификувани.

Упадот се случил во септември минатата година. Во мај,Јужна Кореја соопшти дека голем дел од податоците бил украден и дека Северна Кореја можеби го поттикнала кибер-нападот.

(Макфакс)