Вести, забава, спорт...

Цел живот го правите ова погрешно: Е, вака се чисти рерна!

Во продолжение ќе ви претставиме два генијални чекори кои ќе ви го направат животот полесен, а особено ќе бидете воодушевени кога ќе го видите крајниот резултат.

Сѐ што ви е потребно:

Вода
Спреј шише
Сода бикарбона
Оцет
Помал сад

Постапка:

Внатрешност – Отстранете сѐ од рерната: садовите и решетката. Во садот кој сте го подготвиле измешајте малку вода и сода бикарбона. Премачкајте ги површините кои се за чистење. Оставете да отстои преку ноќ, бидејќи на содата бикарбона и се потребно најмалку 12 часа да делува. Следниот ден, земете крпа и избришете ја рерната.

Ставете малку оцет во спреј шише и испрскајте ги местата каде што има остатоци од сода бикарбона и нечистотиите. Пребришете ги површините со влажна крпа. Вратете ги решетките во рерната, па вклучете ја рерната 15-20 минути на ниска температура да се исуши.

Стаклото на рерната – Во спреј-шишето направете мешавина на вода со сода, но така смесата веднаш да биде густа. Испрскајте го прозорецот и нека отстои 30 минути. Потоа избришете ги прозорците со крпа.

Резултатот е неверојатен.