Вести, забава, спорт...

Честитка од Спасовски по повод 11 Октомври

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод празникот 11 Октомври, упати честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи и до сите граѓани на Република Македонија.

„Пред 76 години, нашите предци со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово ја почнаа Народно-ослободителната борба. Придобивките од Народно-ослободителната борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата Македонија како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности за живот. Да се обединиме околу оваа цел. Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври! Да живее Република Македонија!“, се вели во честитката на министерот Спасовски.