Вести, забава, спорт...

„На ти, дај ми“ изјава на Тарчуловски

Во јавноста се појави снимка од средба со граѓани на кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, на која тој порачува дека ако победи најмногу ќе направи за жителите на Припор и Драчево.

– Те донеле тебе Припор,Драчево и главните места, и тука јас имам товар и одговорност спрема луѓето а не спрема Пржино, Црниче, кои се 90 отсто против мене. Тој не ти ни отвора врата и те плука од прозор. Сега ме тера некој да му правам одвод и канализации а ти овде немаш ни струја, ни вода. Не може тоа така бе! Има ред. Ќе се почне најпрво со тој што заслужил, тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи. Потоа ќе видиме дали ќе има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот на другиот – вели Тарчуловски на снимката објавена во јавноста.