Вести, забава, спорт...

Пол Мерсон ќе игра во велшката трета лига

Поранешниот англиски репрезентативец и член на Арсенал, Пол Мерсон ќе направи кам-бек на фудбалските терени на 49 години, откако доби дозвола да игра за велшкиот третолигаш Керо. Секретарот на тимот, Дај Хупер, потврди дека Мерсон ќе биде достапен за тимот за домашниот меч против Понтиклан на 18 октомври.

Мерсон, кој имаше 21 настап за англиската репрезентација, беше дел од тимот на Арсенал кој ја освои титулата во 1988/89 и 1990/91, како и Купот на куп-победници во 1994 година. Тој замина во Милдзборо во 1997 година, а потоа играше и со Астон Вила, Портсмут и Волсол.

„Зборував со Пол и тој е пресреќен. Сакаше да се врати во физичка форма и среќни сме што можеме да му помогнеме. Ние сме мал тим кој оди напред и се надевам дека ќе бидеме посилни со него“, изјави Хупер.

(Макфакс)