Вести, забава, спорт...

Турција се поприсутна на Балканот

Ангажирањето на Турција на Балканот е во пораст, оценува швајцарскиот весник Noje cirher cajtung во написот по повод посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Белград.

Според весникот, турските инвестиции во 2016 година изнесувале 1,66 милијарди долари, што претставува 5,3 отсто од вкупните турски инвестиции во странство.Преставувајќи го Ердоган како носител на надеж во регионот весникот споменува дека во делегацијата со турскиот претседател што допатува во Белград деновиве биле 185 бизнисмени.

„Турците покажуваат великодушност и прават фондации во болниците и во пензионерските домови. Тука ретко кому му смета авторитарниот стил на владеење на Ердоган при што многу политичари во регионот го копираат“, смета весникот.

(Макфакс)