Вести, забава, спорт...

Вишеградската група ќе го забрзува влезот на Балканот во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Будимпешта учествуваше на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

На годинешниот состанок, во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, централна тема на дискусија беше евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан – забрзување на процесот на проширување, а се разговараше и за безбедносните предизвици во регионот.

На маргините на состанокот, министерот Димитров имаше одвоени средби со повеќе колеги – учесници на состанокот В4 – Западен Балкан.На средбата со министерот на Унгарија Петер Сијарто беше подвлечена важната улога на Македонија во справувањето со мигрантската криза и придонесот кон стабилноста на регионот. Унгарија ќе продолжи да дава поддршка на европската и евроатлантската агенда на Македонија и да инсистира добивање датум за отпочнување пристапни преговори.

Беше нотиран видлив раст во обемот на трговската размена. Кредитнита линија на унгарската „Ексим банка„ е зголемена на 300 милиони евра што им стојат на располагање на двете држави, зајакната е комуникацијата меѓу двете држави со зголемување на фрекфенцијата на летови на унгарскиот авио-превозник Wizzair, а на студентите од Република Македонија им се ставаат на располагање стипендии за студирање на унгарските универзитети.

На средбата со заменик министерот за надворешни работи на Чешка беше реафирмирана нивната принципиелна поддршка на нашите аспирации за зачленување во ЕУ и НАТО.