Вести, забава, спорт...

Заев: Југохром ќе проработи со филтрите

Премиерот Зоран Заев ја објасни денес пред новинарите одлуката да му се дозволи и кога на Југохром од Јегуновце да продолжи со работа иако причината поради која беше затворен, немањето филтри, се уште не е исполнета.

„Поминаа месеци, можеби и година со овој горлив проблем, така што драго ми е што го решивме. Меморандумот значи обврска на сите засегнати страни,при што сопственикот и капитал факторот директно испорачаа гаранција, преку менични гаранции и сето она што претставува финална гаранција за набавка и вградување на филтрите на Југохром. Работниците прифатија, веднаш со завршувањето на филтрите, сите да се вратат на работа. Еколошките и граѓанските здруженија се задоволни затоа што нема да стартува Југохром пред да се вградат филтрите, а државата презеде обврска да ја даде А еколошки интегрираната дозвола за Југохром. Со тоа постигнуваме вин-вин ситуација за сите. Конечно граѓаните нема да имаат загадување ни од Југохром, ни од Тетово, работниците знаат дека на пролет ќе се вратат на работа,а газдата веќе има сигурна гаранција дека ќе ја добие еколошката дозвола. Завршено е обезбедувањето на парите, за да може Југохром да се стави во полн капацитет, се надевам во март или април, мај идната пролет, во сите фази.

На прашањето нели е ова предизборен маркетинг за локалните избори, за да се вети дека сепак ќе се рестартира Југохром заев одговори:

„Апсолутно не. Владата не е застаната во својот дел на работите и сето она што претставува обврска на државата во континуитет го решаваме, а дали е предизборен маркетинг или не треба да кажат граѓаните. Ние сакаме тоа што го сработуваме, тоа за што вложуваме енергија, ресурси и капацитети да го соопштиме. Како што знаеме да признаеме одредени грешки, ако се наша слабост на работењето, транспарентноста во работењето е императив на оваа Влада. Посебно сум среќен затоа што овој случај претставува решение на проблеми на неколку засегнати страни.
Државата имаше проблем, заради тоа што граѓаните, еколошките здруженија, вработените, па и сопствениците имаа проблем, сите од нив како чинители имаа проблем. Јас сум многу радосен заради тоа што тоа е решено и ние го објавуваме онака како што е постигнат договор. Таму се граѓански здруженија кои што се комплетно насочени критички спрема било која власт. Работниците сакаат ако можат уште денеска да влезат на работа, но чесно кажуваат март, април или мај. Пред филтрите не може да влезат заради тоа што една страна нема да биде задоволена, а тоа се еколошките здруженија, односно граѓаните. Така што ова е повеќепартитен договор на задоволство на сите страни“, објасни Заев.

(Макфакс)