Вести, забава, спорт...

Заев: Крушево кај ти се младите, кај ти е детскиот џагор?

-Крушево кај ти се младите, кај ти е детскиот џагор, кај се кројачите, казанџиите, локумџиите. Режимот завршува во Крушево, приклучете се, носиме живот за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Крушево.

-Ви ветувам, правда ќе има во Македонија, додаде претседателот Заев.

-Да изградиме инфраструктура и овде да чуваме деца и да растеме внуци. Да создадеме вистински развој на Крушево и поврзување со селата. ‘Не влече Крушево и по зимата и по Тоше, да го вратиме животот во градот, дополни претседателот Заев.

Тој ги повика младите да останат во градот затоа што ќе имаат иднина преку младинската гаранција и за дошколување и за нови работни места.

-Само со чесни политичари, здружени, единствени Македонија ќе ни оди напред. Да изградиме европско Крушево во европска Македонија, повика претседателот Зоран Заев вечерва во Крушево.