Вести, забава, спорт...

Беса очекува победа во Дебар

Движењето Беса на локалните избори што ќе се одржат на 15 октовмри ќе победи во Дебар и во некои други градови каде што Албанците се во мнозинство.

Оваа го нагласи потреседателот на Беса, Арбен Лабуништа, на средбите што ги имаше Беса во Дебар. Тој додаде дека Беса нуди одлични програми за развој на Дебар во сферата на екологијата, инфраструктурата, туризмот и друго. Според Лабуништа, младите даваат силна подршка на кандидатот за градоначалник на Дебар од редовите на Беса, Џемаил Чупи, како и на листата на кандидати за советници во која има одлични млади кадри. На локалните избори ќе постигнеме голем успех, додаде високиот партиски функционер на Беса.

Кандидатот за градоначалник на Дебар, Џемаил Чупи, го презентираше проектот за централнииот плоштад на Дебар ,,Скендербег“, каде е предвидено да има големи површини на зеленило, шеталиште и други инфраструктури делови.