Вести, забава, спорт...

ЕКК: „Алкалоид“ победи, прв пораз на „Гамбит Асеко“

Шахистите на „Алкалоид“ победија, а нивните колеги од „Гамбит Асеко“ забележаа пораз во рамките на четвртото коло на Европскиот клупски куп во Анталија, Турција.

Бранителот на титулата „Алкалоид“ убедливо славеше над Ница со 5:1. Победи за актуелниот европски шампион забележаа Динг Лирен, Дмитри Андрејкин, Ју Јангји, Димитри Јаковенко и Јури Криворучко, а мечот на втората табла го загуби Павел Ељанов.

„Гамбит Асеко“ против руската екипа „Глобус“ освои само половина поен и го забележа првиот пораз на Европскиот клупски куп. „Гамбит Асеко“ загуби со 0,5:5,5, а единственото реми го одигра Марјан Митков.

По четири кола, „Алкалоид“ се наоѓа на четвртото место со 18 поени, 1,5 поен помалку од лидерот „Глобус“, а „Гамбит Асеко“ е на деветтото место со 14 поени.