Вести, забава, спорт...

ЕКСКЛУЗИВНО: Приведен кандидат за советник од опозициската партија – се сомничи за поткуп на гласачи, пронајдени се пари, листи на гласачи и друг материјал!

Денеска во Кочани е приведено лице кое е на советничката листа на опозициската партија, дознава Скај од свои извори.

Според информациите се работи за лице од ромска националност, а се сомничи за поткуп на гласачи.

Случајот го работи македонската полиција по налог на Основното Јавно Обвинителство во Кочани.

Лицето се наоѓа во полициска станица во градот.

Според информациите на СКАЈ.мк кои се неофицијални и првични кај лицето се најдени пари, списоци со листа на гласачи, но и други предмети.

Повеќе детали се очекуваат наскоро, за што СКАЈ ќе ве извести дополнително.