Вести, забава, спорт...

ЕВЕ КАКО ОСЛАБЕЛА 5 КИЛОГРАМИ ЗА ТРИ ДЕНА: Во четвртокот имала 72, а во саботата 67 килограми!

Магдоносот, билка која ја користиме како зачин, има магична моќ. Неговата количина во јадењето е секогаш мала, затоа не е доволна да покрене извлекување на насобраните течности од телото. Американскиот лекар, Џон Р. Кристофер важи за добар познавач на билните лекови. Често на своите пациенти им го препорачувал магдоносот како лек за бубрежни болести.

 

Магдоносот е одличен сојузник во борбата против уринарните проблеми, бубрежните заболувања и силен диуретик. Како лек може да се користи коренот и листовите од магдоносот. Постојат многу рецепти за подготовка на чај од магдонос, а читателка на порталот Аура раскажала:

„Магдоносот е чудо. Во четвртокот имав 72 кг, а само два дена подоцна имав 5 кг помалку. Не станува збор за килограми сало, туку задржани течности во телото од кои се ослободив. Се чувствувам супер лесно.“ – рекла Рамиза.

Рецептот е сосема едноставен. Во зовриена вода (околу 1 литар) додајте 5 големи лажици исечкан магдонос. Оставете да отстои околу 20 минути, а потоа процедете или пијте го заедно со магдоносот.

„За чајот од магдонос се одлучив поради проблем со бубрезите. Сите советуваат увин чај за овој проблем. Од увиниот чај почувствував подобрување, но течностите ми остануваа во телото. Одлучив да го заменам увиниот чај со чај од магдонос, па така дојдов до овие резултати. Сега самата сушам магдонос кој имам намера да го користам во иднина“, вели Рамиза.

Излачувањето на течностите од организмот е многу важно. Со урината ги исфрламе отровите, бактериите и другите штетни материи. За магдоносот е докажано дека е одличен диуретик и силен антиоксидант. Консумирањето чај од магдонос се препорачува, но никако не смее да се претера.

Магдоносот е билка која од античко време е присутна како лек.