Вести, забава, спорт...

Федерер: Зошто играме подолго? Растат наградните фондови

Роџер Федерер понудил интересен одговор на прашањето зошто во денешно време тенисерите имаат подолги кариери од своите претходници.

Швајцарецот и во својата 36. година од животот и понатаму е еден од најдобрите во светот, а покрај него, во тенискиот свет доминира и Рафел Надал, кој исто така е ветеран во овој спорт.

„Наградните фондови растат, можеби тоа нè поттикнува да продолжиме да играме. Исто така, играчите остануваат здрави бидејќи повеќе вложуваат во масажи, терапевти… Турниррите и АТП ни овозможуваат подобри услови. Многу полесно се патува, имаме директни летови. Ваквите работи ни овозможуваат да играме подолго“, рекол Федерер.

Швајцарскиот тенисер во моментот се натпреварува на турнирот во Шангај, каде што противник во осмина-финалето ќе му биде Украинецот Александар Долгополов. н.ц.

(Макфакс)