Вести, забава, спорт...

Леброн го пропушта стартот на НБА-сезоната

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, ја заврши претсезоната поради проблеми со глуждот на левата нога.

Кливленд соопшти дека тој нема да биде во тимот за натпреварот со Орландо, кој се игра в петок и кој за вицешампионите ќе биде генерална проба пред почетокот на новата сезона. Исто така, неизвесен е неговиот настап и на првиот дуел во новата сезона против Бостон на 17 октомври.

Џејмс одигра само еден од досегашните четири натпревари на Кливленд во претсезоната. Во поразот од Чикаго 108:94 пред два дена тој имаше учинок од 17 поени, пет скока, три асистенции и по една блокада и украдена топка. н.ц.

(Макфакс)