Вести, забава, спорт...

Мајкл Блумберг донира 64 милиони долари за екологија

Со цел укинување на електраните на јаглен и намалување на емисиите на штетни гасови, фондацијата на поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг ќе донира 64 милиони долари.

Одлуката за донација милијардерот Блумберг ја соопшти во Вашингтон два дена откако администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека ќе го укине планот од времето на Барак Обама, чија цел била сè до 2030 година да се намали нивото на емисии на штетни гасови во САД.

Трамп вети оживување на американските рудници за јаглен, кои се во криза.