Вести, забава, спорт...

Расте бројот на загинати во пожарите во Калифорнија

Најмалку 23 лица загинале во пожарите што ја погодија Калифорнија. Само во округот Соном, дури 550 лица се водат исчезнати, соопштија властите. Уништени се речиси 3.500 објекти, илјада луѓе се евакуирани од своите домови, а како што се наведува, огнот зафатил речиси 69.000 хектари земјиште, пренесува „Ројтерс“.

Пожарот изби во неделата вечерта, а поради силниот ветер, бргу се проширил и зафатил неколку окрузи во Калифорнија. Во градот Калистог евакуирани се 5.000 луѓе, а окружниот шериф предупреди синоќа дека ситуацијата се влошила за што виновен е силниот ветер.

Повеќето од жртвите настрадале додека спиеле во моментот на избивање на пожарот. Најмалку 20.000 луѓе се евакуирани, а властитре наведуваат дека ова е најсмртоносниот пожар што ја погодил Калифорнија.

Огнот уништил најмалку 16 винарници во долината Напа, како и во долината на Соном, а во оние винарници што не се во зоната на евакуација тврдат дека ги собираат последните приноси од страв од пожарот што брзо се шири.

(Макфакс)