Вести, забава, спорт...

Се шетал со неговата девојка, а потоа доживеал вистински хорор – детали за тешкиот инциднет во Скопје во кој десетмина крвнички претепаа 15 годишно момче

На 12.10.2017 година во 03,00 часот С.К.(41), пријавил дека на 11.10.2017 година околу 21,30 часот на ул.“101“ во с. Волково, физички бил нападнат неговиот 15 годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години.

Имено додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје. СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.