Вести, забава, спорт...

Според Туфегџиќ, Тарчуловски ги уценува граѓаните

Ивана Туфегџиќ од СДСМ го коментираше видеото од митингот на кандидатот за градоначалник за Кисела Бода, Јохан Тарчиловски, во кое им порачува на граѓаните дека тие што ќе гласаат за него ќе добијат канализација, а другите ќе почекаат.

„Јавноста вчера беше сведок како Јохан Тарчуловски планирал за едни да има, а за други да нема канализација и одвод во општината Кисела Вода. Тој вели дека граѓаните на Црниче и Пржино не ги заслужиле ваквите услуги бидејќи не гласале за ВМРО ДПМНЕ. Од човек кој е познат насилник, осуден за воени злосторства и еден од организаторите на крвавите настани од 27 април, не може ништо друго да се очекува освен дискриминација, омраза и поделби.

Денешното видео докажува дека ВМРО-ДПМНЕ немаат направено ништо ни за Припор, а тоа го признаваат и самите жители кои јавно кажуваат дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ не сторила ништо за нив.

И покрај тоа што гласале за ВМРО-ДПМНЕ тие се незадоволни бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги игнорирале нивните потреби. Таквиот тренд продолжува и на овие избори, кога Јохан дрско и безобразно ги уценува граѓаните да гласаат за него и неговата партија.

Дека Тарчуловски е човек без срам и морал, докажува и тоа што на видеото се гледа како тој не реагира на навредите кон неговата сопартијка Билјана Беличанец. Убедена сум дека во недела ќе ја искористите неповторливата шанса да ги казните политиките на омраза, дискриминација и поделби што ги шират Тарчуловски и ВМРО-ДПМНЕ“, порача Ивана Туфегџиќ.