Вести, забава, спорт...

Страхан си заминува од шкотската клупа

Гордон Страхан веќе нема да е селектор на Шкотска откако неговата репрезентација не успеа да се квалификува за Светското првенство во Русија со третото место во групата Ф зад Англија и Словачка.

Нерешениот дуел, 2:2, со Словенија во последното коло значеше дека Словачка ја помина Шкотска поради подобра гол разлика. Клучните натпревари во кои Шкотска загуби поени беа домашните ремија против Англија и Литванија.

„Кога станав селектор кажав дека тоа е најгордиот момент во мојата кариера и дека сакам да ја вратам насмевката на лицето на нацијата. И јас сум многу разочаран од неуспехот, посебно бидејќи бевме во добра позиција. Споделивме магични моменти и тие мемории ќе ми останат“, изјави 60-годишниот Страхан, кој беше на оваа позиција од јануари 2013 година.

(Макфакс)