Вести, забава, спорт...

Ураганот Офелија се движи кон Европа – се заканува со силни ветришта!

Ураганот Офелија се формирал над Атлантикот и се движи кон Европа.

Ова е десетта по ред бура над Атлантикот оваа година која достигнала сила на ураган.

Се очекува Офелија на почетокот на идната недела да удри на бреговите на Велика Британија.

Најлошите удари на бурата се очекуваат во северниот и западниот дел на Велика Британија, а брзината на ветерот би можела да достигне 130 километри на час, пишува Weather.

„Офелија би требало да остане ураган од прва категорија во недела, кога ќе помине западно од Португалија, и во понеделник ќе тргне кон Велика Британија. Дополнително ќе ги подигне температурите во Европа, кои ќе бидат за 5 до 7 степени повисоки од нормалните“, јавува Weather Channel.