Вести, забава, спорт...

ВМРО-ДПМНЕ побара од амбасадорите фер и демократски избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска оствари средба со амбасадорите на САД и на државите членки на Европската Унија и НАТО во Македонија. Тема на разговор беше изборната кампања и нејзиниот тек.Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше истакната потребата од спроведување фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции.ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување фер и демократски избори и создавање демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.

„Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции со цел запазување на демократијата. ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека претстојните локални избори мора да бидат по највисоките стандарди, со цел Република Македонија да продолжи да чекори по патот кон ЕУ и НАТО’, порачале на средбата од партијата.