Вести, забава, спорт...

Ја реновирале куќата и наишле на ХОРОР: Никој не би сакал да му се случи ОВА!

Семејство од Сан Франциско се наежило кога слушнало што пронашле работниците кои ја реновирале нивната куќа.

Мајсторите под подот пронашле детски мртовечки ковчег со стаклен капак. Низ него јасно се гледало телото на двегодишно девојче. Шокирани се прашувале кое е тоа дете. После година дена ја откриле вистината.

Ковчегот кој го пронашле потекнува од 19 век. Бил херметички затворен, и во него телото останало целосно зачувано. Низ стаклото можело да се види лице на девојче и букет цвеќе во рацете.

Ерика Карнер, сопственичка на куќата во која е пронајден ковчегот, повикала полиција и организација која погребува неидентификувани и напуштени деца. Се утврдило дека земјиштето на кое е изградена нејзината куќа било гробно место до 1930 година.

После тоа просторот бил преуреден за станување, а гробовите биле преместени. Очигледно овој ковчег останал заборавен.

Со помош на документација од локалните гробишта девојчето е идентификувано. Нејзиното име е Едит Хауард Кук и починала на 13.10.1876 година во својата втора година од животот. Откриено е дека Едит има и роднина кој се уште е жив, а тоа е внукот на нејзиниот брат Питер Кук.

– Ја пронајдов роднината за која не знаев ни дека постоела. Ова е многу тажно, тоа девојче немало ни три години, рекол Питер.

Причините за смртта на девојчето не се точно откриени, но се претпоставува дека починало од инфективна болест.

Сега кога е идентификувана, одлучено е да ја погребаат и да и направат споменик со нејзиното име и слика.