Вести, забава, спорт...

Се обидувала да направи селфи, па искршила куп скулптури – штета 200.000 долари!

Една посетителка на уметничката изложба 14th Factory, обидувајќи се да направи селфи направила штета од 200.000 долари.

Според извештаите од музејот во кој е поставена оваа изложба, трајно се оштетени три скулптури, а целиот инцидент го снимиле со надзорни камери.

На снимката се гледа како една жена застанува покрај неколку скулптури, по што губи рамнотежа и удира во една скулптура. После падот, таа скулптура направила домино ефект порди што десетина паднале на земја.