Вести, забава, спорт...

Викал, непристојно се однесувал и го попречувал митингот на ВМРО ДПМНЕ – она што го направил С.Н. беше доволно да биде приведен од полицијата

На 12.10.2017 година од 18.30 до 19.40 часот во с.Злетово во организација на политичката партија ВМРО ДПМНЕ се одржал јавен собир.

За време на одржување на собирот, во 19.45 часот С.Н.(71) од с.Злетово го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Тој бил приведен во Полициската станица Пробиштип и му била поднесена прекршочна пријава.