Вести, забава, спорт...

Иновација: Радијатор кој, додека грее, произведува пари – 15.600 денари месечно

Иновациите во земјите со слаба економија или санкции секогаш биле прилично оригинални, а тоа го потврдува и неодамнешниот руски пример, односно радијатор кој во исто време грее и произведува пари.

Имено, станува збор за уред кој го измислила стартап компанијата „Comino“, а кој додека грее и лади воедно служи и како напредна алатка за „копање“ криптовалута „Ethereum“.

Овој уред во себе содржи ASUS P106-100 6G графички процесори и сите свои задачи ги извршува брзо и ефикасно.

Доаѓа во две варијанти Comino N1 i Comino N4. И двата уреди произведуваат криптовалути.

Според зборовите на креаторите на овој уред, со само еден Comino N1 или N4 месечно можете да заработите 300 американски долари (околу 15.600 денари), но тоа е бруто износ од кој треба да ги одземете трошоците за одржување, електрична енергија…

Сепак, купувањето на овој уред не е така едноставно, бидејќи најниската негова цена е 4.500 долари, поради што од Comino сега очекуваат некоја поголема компанија да го купи нивниот изум, како би направиле успешен бизнис.