Вести, забава, спорт...

Путин: Постои технологија поопасна од нуклеарна бомба

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека во блиска иднина ќе биде можно генетско програмирање на човек според зададени карактеристики, што, според неговото мислење, ќе биде пострашно од атомска бомба.

Путин, за време на средбата со учесници на Светскиот фестивал на младина и студенти, изјавил дека генетскиот инжинеринг пружа извонредни можности во областа на фармакологијата и промени на човечкиот код.

Може практично да се замисли дека човекот може да создаде човек со зададени карактеристики. Тоа може да биде генијален математичар, генијален музичар, но може да биде и војник, човек способен да војува без страв, без сочувство и сожалување, без болка, рекол рускиот претседател.

– Разбирате ли, човештвото би можело да зачекори во многу сложен и одговорен период на својот развој и постоење. И тоа за што говорев може да биде пострашно од нуклеарна бомба, нагласил Путин.

Рускиот лидер смета дека новите технологии треба ефикасно да се користат и да се воведуваат во широка употреба.

Човештвото, меѓутоа, никако не смее да заборави на моралот, бидејќи неговото отсуство може да доведе до уништување на човекот, уверен е Путин.