Вести, забава, спорт...

Нешто се случува: Америка ги става нуклеарните бомбардери на постојано дежурство – првпат од 1991

Воздухопловните сили на САД се подготвуват на целодневно дежурство да ги стават бомбардерите со нуклеарно вооружување, пишува „Вашингтон тајмс“.

Бомбардерите на САД така би можеле веднаш да полетаат доколку затреба, а во таква состојба не биле уште од крајот на Студената војна. Наредбата се уште не е издадена, но се наведува дека „подготовките се во тек“.

„Тоа е само уште еден чекор во обезбедувањето спремност“, изјавил началникот на штабот на Воздухопловството на САД генерал Дејвид Голдфин.

Како што вели, не гледа на тоа како на подготовка за некој одреден настан, туку како на „реалност на ситуацијата во светот“.

„Светот е опасно место, некои луѓе отворено говорат за употреба на нуклеарно оружје“, изјавил Голдфин.

Одлуката би требало да ја донесат командантот на Стратешката команда, генерал Џон Хитен или главниот човек на Северната команда Лори Робинсон.

Стратешката команда е надлежна за нуклеарното вооружување на воените сили на САД, а Северната команда за одбрана на Северна Америка.

САД изминативе неколку месеци влегуваа во повеќе вербални судири со Северна Кореја поради тестирање на нуклеарно оружје од страна на Пјонгјанг.