Вести, забава, спорт...

АвтоВАЗ потврди дека наскоро доаѓа нова лимузина – „Лада Крос“

Точно четири месеци после лансирањето на караванската верзија Лада Веста Крос, претставници на АвтоВАЗ објавија дека наскоро на купувачите ќе им ја понудат Веста Крос и во лимузинска изведба.

Лада Веста Крос е претставена во форма на концепт на минатогодишниот саем во Москва, а сега е објавено дека автомобилот наскоро ќе биде подготвен за сериско производство.

Освен изјавите дека наскоро ќе почне производството на Веста Крос, нема повеќе детали за автомобилот.

Новинарите нагаѓаат дека Лада Веста Крос ќе чини околу 800.000 рубљи (околу 11.500 евра).