Вести, забава, спорт...

„Спејс икс“ по 16. пат лансираше ракета оваа година

Корпорацијата на американскиот бизнисмен Илон Маск по 16. пат оваа година лансираше ракета оваа година, што претставува двојно повеќе лансирања отколку минатата година.

Беспилотната ракета „Фалкон“ полета од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, во американската сојузна држава Флорида, носејќи комуникациски сателит за јужнокорејската компанија „КТ Сат“.

„Спејс икс“ лансираше ракета речиси секој месец оваа година, наведува АП.