Вести, забава, спорт...

Се огласи Тони Цетински после трагедијата: „Потресен сум – ова е најлошиот ден во мојот живот“

На тротоар на улица во Ровињ денес попладне смртно настрада маж, а полицијата се уште утврдува дали смртта е последица на сообраќајна несреќа, во која учествувал познатиот пејач Тони Цетински.

Имено, ровињската полиција околу 14 часот примила дојава дека автомобил Мерцедес, кој го возел Цетински (48), удрил во тело на маж кое лежело на тротоарот.

„Полицијата го обезбеди местото на настанот и увидот е во тек, по што ќе биде појасно дали мажот загинал во сообраќајна несреќа или се работи за нешто друго“, изјавила портпаролката на полициската портпаролка Наташа Витасовиќ.

На местото на несреќата морале да интервенираат и пожарникари кои го подигнале автомобилот, бидејќи телото на настраданиот маж било под колата.

Улицата во која се случила несреќата е еднонасочна и многу тесна, така што таму невозможно е брзо возење.

После несреќата се огласи и познатиот пејач:

– Учествував во несреќа за која не сум одговорен. Сигурен сум дека полицијата тоа ќе го потврди после увидот, рекол Цетински за 24сата.хр.

– Потресен сум и немам зборови со кои би го опишал најлошиот ден во животот кој човек може да го доживее, рекол пејачот.