Вести, забава, спорт...

ОБЈАВЕНА СНИМКА: Тони Цетински со автомобил дивее на улиците низ Ровињ

На тротоар на улица во Ровињ вчера попладне смртно настрада маж, а полицијата се уште утврдува дали смртта е последица на сообраќајна несреќа, во која учествувал познатиот пејач Тони Цетински.

Имено, ровињската полиција околу 14 часот примила дојава дека автомобил Мерцедес, кој го возел Цетински (48), удрил во тело на маж кое лежело на тротоарот.

„Полицијата го обезбеди местото на настанот и увидот е во тек, по што ќе биде појасно дали мажот загинал во сообраќајна несреќа или се работи за нешто друго“, изјавила портпаролката на полициската портпаролка Наташа Витасовиќ.

На местото на несреќата морале да интервенираат и пожарникари кои го подигнале автомобилот, бидејќи телото на настраданиот маж било под колата.

После несреќата се огласи и познатиот пејач:

– Учествував во несреќа за која не сум одговорен. Сигурен сум дека полицијата тоа ќе го потврди после увидот, рекол Цетински за 24сата.хр.

– Потресен сум и немам зборови со кои би го опишал најлошиот ден во животот кој човек може да го доживее, рекол пејачот.

Многу од порталите навеле дека улицата во која се случила несреќата е еднонасочна и дека таму е речиси невозможно брзо возење.

Но, снимката која се појави на интернет го говори спротивното. Токму за потребите на една емисија, пред некое време, Тони одлучил да покаже што сè може низ тесните улици во Ровињ.

Со него во автомобилот била и водителката која врескала поради брзината со која пејачот возел низ улиците. Во таа прилика Тони е насмеан и без страв ја покажува својата „вештина“ во возење под, веруваме, недозволена брзина. Изгледа дека сепак низ тесните улици на Ровињ е можно диво и брзо возење.