Вести, забава, спорт...

ДА ОЧЕКУВАМЕ ЛИ ПЕСНИ ОД ЖЕЉКО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК? – Екслузивно интервју со мегаѕвездата Жељко Јоксимовиќ на Sky.mk!

Sky.mk: Здраво Жељко како сте?

Жељко Јоксимовиќ: Здраво еве добро сум патував цел ден овде до Македонија, до Скопје, малку сум уморен но се трудам тоа да не се гледа.

Sky.mk: Како ви поминува времето со близначките Ана и Срна?
Жељко Јоксимовиќ: Па да ви кажам, тоа е една работа која е многу слатка. Ние многу добро фамилијарно се организиравме на еден добар начин тоа да го поднесеме, па мислам дека благодарение на мојата сопруга која навистина е многу добро организирана и испланирана жена. Ние тоа го имаме не како обврска, туку како големо задоволство во нашата куќа, па така и се однесуваме.

Sky.mk:  Песната “Милимитар” стана голем хит, може ли да очекуваме нешто ново како изненадување за предновогодишните празници или во скоро време?
Жељко Јоксимовиќ: Па можете Сантиметар, ако имавм милиметар, сега ќе имаме сантиметар. Мислам дека таа песна која го обележа летото кое го имаме зад нас, а многу луѓе говореа дека тоа е вистински летен хит, меѓутоа еве на вашата колешка пред малку и кажав дека тоа е еден есенски хит, па можеби и зимски и новогодишен хит, така да чувствувам дека публиката ја прифати таа песна на посебен начин. Она што е важно дека таа песна ќе ја свириме и на 11 ноември во ВИП Арената Борис Трајковски и дека со публиката ќе ја пееме заедно.

Sky.mk: Имајќи во предвид дека сте најомилен екс-ју пејач во Македонија, може ли да очекуваме некоја песна отпеана од вас на македонски јазик или пак цел албум?
Жељко Јоксимовиќ: Па јас имам желба да отпеам нешто на македонски јазик. Јас воглавно пеам стари македонски песни, тоа и го сакам. Можно е некои песни да ги препеам на македонски. Тоа е добра идеја.

Sky.mk: Какви ви се очекувањата за Вашиот концерт во Скопје?
Жељко Јоксимовиќ:  Како и секогаш во Скопје, овде сум имал феноменални концерти, овде го имав и својот најголем концерт во кариерата на стадионот, каде публиката навистина беше фантастична. Од сите останати концерти би ги издвоил двата концерти во Вип Арената, така да и овој трет пат во ВИП Арената ќе имаме добар концерт.

Што би им порачале на читателите на Sky.mk?
Жељко Јоксимовиќ:  Би им порачал да дојдат на концерт пред се. Јас сум многу расположен да се дружам со македонската публика, и многу расположен да направиме некоја нова енергија која ќе ја снимиме и забележиме, а и публиката ќе ужива кога сето тоа ќе помине.