Вести, забава, спорт...

Гулаш со кисела зелка

Подгответе вкусно јадење – гулаш со кисела зелка кој ќе го обожавате!

Состојки:

1 кг јунешко без коски
2 главици кромид
2 чешниња лук
2 лажици маст
мелен ким
1 полна лажица црвена пипер
сол
бибер
1 лажица пире од домати
2 компири со средна големина
500 гр кисела зелка
малку шеќер
150 гр масно кисело млеко

Начин на подготовка:

Месото измијте го, добро исушете го и иситнете го на крупни коцки. Кромидот и лукот излупете ги, па кромидот исечкајте го на кругови, а лукот ситно исечкајте го. Во тенџере, на маст, пропржете го дел по дел јунешкото.

Потоа вратете го месото во тенџере, додајте кромид, лук, ким, пипер, сол, бибер и пире од домати. Сè добро измешајте, па налијте вода (или говедска супа, ќе биде повкусно), така што месото ќе биде сосема потопено. Гответе четириесетина минути во поклопено тенџере.

Во месото потоа додајте излупени, изрендани компири, кисела зелка, сол, бибер и малку шеќер, па сè динстајте уште 40 минути. Киселото млеко измешајте го со вилушка, така што ќе биде кремасто, па ставете го на готовиот гулаш. Послужете со варен компир.

Добар апетит!