Вести, забава, спорт...

Необично ароматично сирење – еве како да го подготвите

Одлично оди со варени компири или тестенини…

Состојки:

400 гр солено бело сирење
2 дл маслиново масло
црн бибер
сушена чили пиперка
рузмарин
оригано
темјан
босилек

Начин на подготовка:

Сирењето исечкајте го на коцки со големина на крупни лешници и ставете го во тегла.

Во сад ставете зачини (количина по вкус) и маслиново масло, измешајте и прелијте го сирењето во теглата. Затворете ја теглата и оставете во фрижидер седум дена за сирењето да се ароматизира.

Сирењето послужете го како прелив за тестенини или варен компир.