Вести, забава, спорт...

Ананас колач со шлаг: Вкусно, брзо и евтино!

Испробајте го овој сочен десерт што побргу…

Состојки:

4 јајца
5 лажици брашно
200 мл јогурт
50 мл масло
1 прашок за печиво
300 гр кругови ананас
250 гр шлаг пена

Начин на подготовка:

Разматете јајца, додајте брашно измешано со прашок за печиво, масло, јогурт и сè добро измешајте. Во тепсија со големина 23 см ставете хартија за печење, па на дното наредете кругови ананас.

Од горе ставете разматени јајца, убаво распоредете. Печете на 200 степени околу 35 минути. Печениот колач превртете го на тацна, тргнете ја хартијата за печење и оставете да се излади. Од горе украсете со разматен шлаг.

Ставете го колачот во фрижидер уште час-два, а потоа послужете и уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во видео рецептот на „Бабина кујна“: