Вести, забава, спорт...

Брзи посни обланди со локум

Наједноставни, а многу вкусни и необични обланди – ќе ви се допаднат!

Состојки:

500 гр локум по избор
500 гр шеќер
150 гр мелени ореви
5 листови обланди

Начин на подготовка:

Ставете шеќер во тенџере и ставете го на оган. Карамелизирајте го малку поретко отколку за слатко.

Локумот исечкајте го на ситни коцки. Кога шеќерот ќе биде подготвен додајте исечкан локум и мелени ореви. Оставете да се излади. Филот треба да биде млак.

Кога ќе се излади филувајте ги обландите, потоа ставете потежок предмет преку и оставете преку ноќ да омекнат. Наутро тргнете го предметот и сечете по желба.

Уживајте!