Вести, забава, спорт...

ФАНОВИТЕ ВО ШОК: Младата ѕвезда пронајдена мртва

Познатата Јутјуб ѕвезда, шестнаесетгодишната Хана Стоун, пронајдена е мртва само неколку дена пред својот седумнаесетти роденден.

Хана ја стекнала популарноста на социјалните мрежи со обработки на познати песни, а благодарение на прекрасниот глас, на својот Јутјуб канал имала речиси половина милион фанови.

Се нагаѓа дека најверојатно се работи за самоубиство, иако таа информација не е официјално потврдена. Бројни фанови се простуваат од несреќно починатата девојка преку социјалните мрежи, објавувајќи видеа во нејзина чест.