Вести, забава, спорт...

Градоначалникот на Гази Баба оствари средба со амбасадорот на Франција

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние, кој му честита за изборот за градоначалник и му посака успех во понатамошната работа.

Георгиевски на Тимоние зборуваа за реализацијата на проектите предвидени во општината, со посебен осврт на проектите од инфраструктурата.

На средбата, градоначалникот се забалагодари за поддршката при реализацијата на Проектот за изградба на најсовремено музичко студио за снимање на филмска музика, кој се наоѓа во Автокоманда, со што ќе се направи промоција на светско ниво на општината и Република Македонија, информираат од Општина Гази Баба.

На крајот на средбата, градоначалникот и Амбасадорот се договорија за понатамошна соработка и реализирање на заеднички проекти.